Денеска се повеќе се зборува за пробиотиците како тема која што има поволно влијание врз здравјето на луѓето. Иако крајните резултати се на страната на добрата здравствена состојба или подобрувањето на истата кај луѓето, механизмот на делување на пробиотиците е сеуште нејасен.
Зборот Пробиотик потекнува од латинскиот предлог “Pro”, што значи “За” и зборот βίος (bios, “life”) што значи “живот”. Од тука пробиотиците претставуваат и т.н добри бактерии кои применети во соодветни количини имаат поволно влијание врз здравјето на домаќинот.
Тие помагаат во воспоставувањето на правилната рамнотежа помеѓу добрите и лошите бактерии во нашиот гастроинтестинален тракт. Нивните позитивни влијанија се регулација на цревната микрофлора при дијареа, зајакнување на одбранбените способности на организмот т.е зајакнување на имунолошкиот систем, при употреба на антибиотици (да се спречи натамошно уништување на нормалната микрофлора). Се употребуваат уште и за намалување на егземата кај деца, за треман на дијареа, иритабилен колон, подуеност (метеоризам) и улцеративен колит.
Патничката дијареа е една од најпредвидливите болести која што е поврзана со патувањето. Присутна е кај 30%-70% од патниците во зависност од дестинацијата и сезоната на патувањето. Порано традиционално се применувале следниве препораки за превенција од патничка дијареа” да зоврие,да се зготви, да се излупи или да се заборави” , но и покрај тоа сепак луѓето сеуште страдале од овој тип на дијареа.
Овој тип на дијареа се јавува подеднакво и кај машката и кај женската популација на патници , но сепак почеста е кај помладите одколку кај повозрасните патници.Еден од главните причинители
за развој на дијареата е лошата хигиенска пракса во локалните ресторани при подготовката на храната, квалитетот на водата итн.
Соодветната употреба на средства за рехидратација и пробиотиците кога се спрема одредено патување допринело во голем процент да се намали патничката дијареа. Најдобра подготовка е кога се започнува со земање на пробиотикот 3-4 дена пред патувањето, додека трае патувањето и уште 5 дена по враќање од патувањето.
Правени се доста испитувања за да се докаже влијанието на пробиотиците во спречувањето на патничката дијареа, некои од нив укажале на позитивно влијание на пробиотиците, а некои и не биле баш уверливи, но со еден известај добиен во 2007 год се добиле цврсти докази дека придобивките од употребата на Saccharomyces boulardii, Lactobacillus acidophilus, Bifidobacterium се навистина значајни во намалувањето на шансите за добивање на патничка дијареа.
Мр. по фармација Јулијана Златева
ПР текст