480
Голем број приврзаници на американскиот претседател Доналд Трамп ја поддржуваат идејата актуелниот шеф на Белата куќа да добие Нобелова награда за мир.
Лауреати за таа престижна награда и претходно биле американските претседатели Барак Обама, Џими Картер, Теодор Рузвелт и Вудроу Вилсон.
Сепак ваквиот потег Европа го гледа со потсмев, каде и понатаму Трамп е исклучително непопуларен.
– Сите мислат така, но јас никогаш не би го рекол тоа, одговори Трамп на новинарско прашање дали верува дека ја заслужуваа таа награда.