410
Улиците на Лондон, британската престолнина, работните места и јавните простори се украсени за церемонијата на крунисување на англискиот крал Чарлс Трети, што ќе се одржи утре.
Повеќе од 2.200 гости, меѓу кои шефови на држави, познати имиња и хуманитарни организации од 203 земји, како и членови на кралското семејство, ќе присуствуваат на церемонијата на крунисување на англискиот крал Чарлс Трети.
Во речиси секој парк во Лондон ќе бидат поставени детски игралишта, а важните градски улици и плоштади ќе бидат место за специјални прослави што ќе се одржат на денот на крунисувањето.
Во тек се подготовките за неделниот настан „Голем оброк“ на клучните улици и паркови во градските окрузи Хамерсмит, Фулам и Чисвик покрај реката Темза.