Привремено затворен погонот на „Арцелор Митал“, казната може да стигне до 100.000 евра

by fokus

Резулатите од мострите земени од реката Вардар покажаа дека се работи за големо загадување со железо и киселина која се користи во индустријата, потврдија за НОВА од ЈП Водовод и канализација-Скопје во чија лабораторија се вршеше испитувањето. Во Вардар на потегот каде што с е наоѓа фабриката „Арцелор Митал“, се излеале неколку тони железо и киселина без да бидат соодветно третирање на отпадните води, поради дефект од пукната када од погонот за челични лимови.

Државниот инспекторат за животна средина привремено го затвори погонот „Ложилница“ на „Арцелор Митал“. Фирмата доби Решение за забрана за работа на погонот од 90 дена или до отстранување на дефектот поради кој во неделата дојде до еколошки инцидент и помор на рибите во реката Вардар.

„Решението за забрана е издадено на погонот „Ложилница“ поради дефектот на пукната када поради што  дошло до излевање на материјал измешан со железо и киселина во реката Вардар. Забраната е привремена од 90 дена или до отстранување на дефектите“, изјави за НОВА, Дарко Блинков, Раководител на Одделение за Аналитика, Меѓународна Соработка и Проектiи при Државниот инспекторат за животна средина.

Блинков нагласи дека согласно Законот за животна средина се изготвува решение за казната кон „Арцелор Митал“, а предметот за овој случај  ќе оди и во Комисијата за штети. Казната би можела да се движи од 70 000 до 100 000 евра, за прекршок од 3.та категорија.

 

Поврзани новости