401
Обезбедени се финансиски средства за набавка на гас за топланата Скопје Север за следните 10 дена, потврди првиот човек на топланата Куштрим Рамадани.
Во изјава за МИА, Рамадани изрази очекување дека во следниот период ќе се најде заедничко прифатливо решение за да се надмине проблемот со парно греење.
– Се надевам дека ќе се најде заедничко прифатливо решение. Бевме на средба во Регулаторната комисија за енергетика каде присуствуваа и претставници од ЕСМ, изјави Рамадани.
Без парно греење останаа домаќинства, училишта, градинки, здравствени установи од Чаир, Бутел и Топанско поле поради тоа што не беше потпишан договорот за деловно техничка соработка меѓу топланата Скопје-Север и АД ЕСМ.