2
Наим Касем, кој е привремен лидер и заменик на убиениот лидер на Хезболах, Хасан Насрала, денеска изјави дека групата ги поддржува напорите и плановите за прекин на огнот во конфликтот со Израел долж либанско-израелската граница.
Касем ги наведе обидите на претседателот на парламентот Набих Бери да обезбеди крај на борбите, за разлика од новите напади на Израел во југозападен Либан и по воздушните напади во областа Дахие во Бејрут.
Касем рече и дека Хезболах се уште е организиран, дека оди напред, но призна и дека Хезболах ги надминал „болните удари“.
Конфликтот меѓу Израел и Хезболах трае со недели, а светот е во страв од ескалација и ширење на конфликтот меѓу Израел и Иран, кој го поддржува Хезболах.