Привремен сообраќаен режим на дел од скопскиот булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“

by Fokus

Поради изведба на градежни работи за поставување на вреловод од денеска ќе биде воведен времен режим на сообраќај на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на Паркот Македонија во Општина Карпош.

Како што информира Градот Скопје, времената измена на режимот на сообраќај ќе биде означена со посебна сигнализација, а ќе важи до завршување на градежните активности што ќе ги реализира Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје.

– Во месец септември, времена сообраќајна измена на режимот, ќе има и на мал дел од улицата „Јуриј Гагарин“, каде што ќе се изведува прекоп за поврзување на вреловодната мрежа. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, се додава во соопштението на скопските градски власти.

Поврзани новости