452
Од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти при СВР Скопје приведен е Р.А. (29) од Скопје, осомничен дека на 6 јули годинава околу 19:30 часот на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје поточно на плоштадот Скендербег, испукал со пиштол.
Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, соопштија денеска од МВР, извршен е претрес во неговиот дом, пиштолот е одземен, а во координација со јавен обвинител против Р.А. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” предвидено и казниво по чл.288 од Кривичниот законик.
Денеска лицето е изведено пред Судија на претходна постапка.