561
Полициски службеници од СВР Охрид на брегот кај плажата „Акапулко“, вчера го лишиле од слобода А.Б.(38) од охридското село Трпејца, поради извршен незаконски риболов во водите на Охридското езеро.
При преглед на пловниот чамец, соопштија денеска од МВР, пронајдени се 143 парчиња риба белвица, осум рибарски мрежи и друг риболовен алат, кои се предадени на Хидробиолошкиот завод.
По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.