339
Полициски службеници од тим Потраги од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска во 07:45 часот на бул.„ВМРО“ на подрачјето на Центар, го лишиле од слобода Р.С.(32) од Скопје.
Како што информираат од МВР, тој бил осуден на казна затвор во времетраење од 2 години и 6 месеци, а се барал по централна потерница, по наредба на Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа.