214
На 17.11.2023 во 18.15 часот на регионалниот пат од с.Јажинце – Тетово, кај с.Одри, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода С.Ј.(31) од село Мала Речица, тетовско.
При преглед во возилото „бмв х5“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 7123 парчиња разновидни пиротехнички средства.
Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил запознаен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.