410
МВР вчера го привела 41-годишниот Д.С. осомничен за препродавање билети за Суперкупот на УЕФА, кој што ќе се игра вечер во Скопје.
Според информациите од полицијата, тој неовластено ги нудел билетите преку интернет, каде што за контакт го оставил своето име и бројот на мобилниот телефон.
Тоа било доволно за полицијата да го пронајде, а при претресот во неговиот дом биле одземени два билети, телефон и сим картичка.