451
30-годишниот Ј.А. бил приведен по вчерашниот напад врз ЛГБТИ активисти во Сарај, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од таму информираат дека приведениот Ј.А. физички го нападнал активистот од Тетово, Беким Асани.
Според неофицијални информации приведениот му ја искинал маичката на Асани и го удрил со тупаница.
Нападот се случил вчера во 16 часот во близина на плоштадот “Иса Булетини“ во Сарај, откако активистите биле пресретнати од возило Ауди, во кое се наоѓале напаѓачите.
Шестмина активсти биле претходно вербално навредувани, откако напаѓачите го препознале Асани меѓу нив.