На јарболот во дворот на црквата „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка повеќе не е албанското знаме, црковното знаме ќе биде вратено во секој миг. Лицето кое го симна знамето на МПЦ е приведено, напиша на социјалните мрежи претседателот на Достоинство – Стојанче Ангелов.
„Брзата реакција на институциите, но и јавниот притисок можат да ги намалат провокациите кои ја потпалуваат меѓуетничката нетрпеливост“ – пишува Ангелов.
Тој додава дека провокациите никако не треба да се премолчуваат, туку на нив треба жестоко да се реагира. Само така ќе се обесхрабрат идните потенцијални провокатори.
„Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер околу 23.30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица.
Тој се сомничи дека два часа претходно од јарболот на манастирот „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка, додека немало никој во верскиот објект, го симнал црковното знаме на МПЦ-Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија.
По документирање на случајот против Ј.А., кој при симнувањето на црковното знаме бил со уште едно лице по кое се трага, ќе следува соодветен поднесок“ – информираат од МВР.