Приведени возачот на автобусот и сопственикот на „Дурмо турс“ за несреќата кај Ласкарци

by fokus

Во врска со автобуската несреќа која се случи на 13-ти февруари на автопатот Скопје-Тетово, во близина на селото Ласкарци, каде што животот го загубија 15 лица, а многу други беа повредени, полицијата приведе 6 лица.

Алсат неофицијално дознава дека меѓу приведените лица се и возачот на автобусот како и сопственикот на Дурмо Турс.

Во врска со деталите за случајов, Јавното обвинителство денеска во 10:30 часот ќе одржи прес-конференција.

Поврзани новости