Двајца струмичани и еден полицаец од Богданци заработија кривични пријави и 30-дневен притвор бидејќи, како што тврди МВР, организирале и превезувале групи на азиланти во ЕУ.
Струмичаните минатата година врбувале, организирале и превезувале македонски граѓани во европските државите со цел лицата да се стекнат со економски и социјални права што е спротивно на правото Унијата, информираат од полицијата.
„ Организирањето и транспортот го вршеле од повеќе места од Струмица, Виница и од Радовиш , при што на истите ми ветувале дека ке добијат статус на азиланти во соодветната држава на ЕУ за што им наплатувале одредена сума, најчесто од 200-300 евра од член на семејство “, стои во сооштението на МВР.
Пријавените најчесто користеле „форд-транзит“ и „форд-галакси“ двете со струмички регистарски таблички со кои лицата ги транспортирале до Германија.
Третопријавениот полициски службеник за пасошка контрола на граничнит премин „Дојран“ ја злоупотребил службената должност и кога бил на смена како полицаец за пасошка контрола без да побара доволно докази од лицата кои се транспортираат како баратели на азил, ги пропуштил да ја преминат границата и притоа освен организатроите како возачи не ги евидентирал сите лица во возилата.