Министерството за внатрешни работи соопшти дека привеле тројца малолетници кои со закана со остар предмет одзеле пари од малолетник од Скопје.
-Денеска полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар, ги привеле и, во присуство на родители, извршиле службени разговори со тројца малолетници од Скопје поради основано сомнение дека на 28.08.2023 на ул.Беласица во Скопје со закана со остар предмет одзеле пари од малолетник од Скопје. Во разговорот тие го признале делото, а обезбеден е и видео материјал, соопшти МВР.
Од полицијата велат дека од приведените биле одземени предмети поврзани со кривичното дело.
-За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.