Приведени тројца крадци од Битола, одземеното вратено на сопственикот

by Fokus

На 15.10.2023 на патот помеѓу селата Могила и Вашарејца, битолско, полициски службеници од криминалистичката полиција и Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола ги лишиле од слобода Д.Ќ.(23), Н.М.(18) и С.М.(22), сите од Битола.

Тие се сомничат дека со употреба на сила и подесен алат влегле во објект на правно лице и одзеле повеќе предмети. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости