880
Полицијата вчера приведе три лица-дилери на марихуана и кокаин.
Како што информираат од МВР, во центарот на Скопје приведен е Д.М.М. (36) роден во Белград, бидејќи кај него е пронајдена кеса со остатоци од марихуана.
Во координација со скопското обвинителство, извршен е претрес во дом на Е.Р. од Скопје и притоа е пронајден кокаин и над еден килограм марихуана.
Во дворот на објектот, пак, е лишен од слобода и А.П. (33) од Скопје, кај кого е пронајдена марихуана.
По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.