382
МВР информира дека денеска во 14.30 часот на Граничен премин аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид, полициски службеници ги лишиле од слобода М.В.(24), Б.И.(31) и малолетничка, сите од Република Албанија.
При пасошка контрола и проверка било констатирано дека лицата на увид приложиле фалсификувани британски патни исправи.
Трите лица биле предадени на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија – Охрид за понатамошна постапка.