Приведени три девојки од Србија во угостителски објект на 28-годишен тетовец

by fokus

Шест девојки биле затекнати вчера од полицијата во угостителски објект во село Жеровјане, во сопственост на 28-годишен тетовчанец. Три од нив биле државјанки на Србија, по што биле приведени, велат од МВР.

„Во периодот од 22.00 часот на 25.09.2018 до 01.00 часот на 26.09.2018 година, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект во село Жеровјане, сопственост на 28-годишен жител од тетовското село Боговиње. При контролата, во објектот биле затекнати шест женски лица (три од Република Србија и три македонски државјанки). Српските државјанки (две на возраст од 21 и една 26 години ) биле приведени и предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка“, соопштија од таму.

Поврзани новости