595
Четворица странски државјани се приведени поради препродавање на билети за вечерашниот наптревар меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид што ќе се одигра на градскиот стадион во Скопје.
Како што дознава Макфакс, во полициската станица Карпош приведени се Џејмс А. (1973) од Манчестер, Ричард С. (1983) од Манчестер, Лапко А. (1996) од Украина и П. Олександр (1992) од Украина.
Од полициски извори се дознава дека англиските државјани им продавале карти на украинските. Тие биле приведени во ресторан во близина на градскиот плоштад денеска во 17 и 40 часот.
Кај едниот Украинец биле најдени пет билети без имиња. Тој рекол дека два од билетите ги купил од еден од Англичаните.