73
На 11.07.2024 во 12.50 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци ги привеле А.М.(37) од Кавадарци и Ј.В.(31) од Штип, по претходна пријава од вработен во скопска фирма, која работела на изградба на пат, дека на делницата од Фариш до Дреново, кај тунелот, биле одземени метални предмети.
Предметите биле пронајдени кај двете лица и одземени, а потоа вратени на сопственикот. По документирање на настанот против А.М. и Ј.В. ќе биде поднесен соодветен поднесок.