76
На 04.01.2024 во 16.40 часот во село Криволак, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Н.Н.(20) и Ф.М.(20), двајцата од истото село. Тие се сомничат дека извршиле кражба, при што од објект во селото одзеле повеќе предмети.
-Кај нив биле пронајдени одземените предметите, алатот со кој била извршена кражбата и патничкото возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, со кое ги пренесувале предметите. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицата биле приведени во полициска станица. По документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.