2
На 11.11.2024 во 12.40 часот во с.Долно Палчиште, општина Боговиње, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода И.С.(43) од с.Селце Кеч, општина Боговиње, а во 17.30 часот на булевар „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Ш.(42), исто така, од с.Селце Кеч.
Тие се сомничат дека извршиле повеќе тешки кражби на подрачјето на Гостивар и општина Врапчиште, каде што одзеле добиток и разни видови на работни и други машини. Тие биле задржани во Полициската станица Гостивар и кај нив биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, кои ќе им бидат вратени на сопствениците.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.