Приведени две Русинки на „Ќафасан“

by Fokus

На 28.08.2022 во 17.45 часот на Граничен премин „Ќафасан“ од полициски службеници приведени се Е.Л.(22) и З.И.(27), двете од Русија, затоа што по извршени гранични проверки констатирано е дека истите незаконски престојувале во државата односно им истекла важноста на издадената виза, спротивно на член 147 став 1 алинеа 4 од Законот за странци.

Тие се предадени на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и редамисија при РЦ за ГР Запад за натамошна постапка.

 

Поврзани новости