Приведени две лица во Гевгелија кај кои се пронајдени археолошки предмети

by fokus 15:12
15:12

Две лица се приведени синоќа во Гевгелија поради незаконско присвојување арехолошки предмети.

Тие се приведени синоќа околу 20 часот во полициската станица во Гевгелија. Станува збор за Т.Т(51) од Стар Дојран и В.П (50) од Гевгелија, а приведнеи се поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело ,,присвојување добра од привремена заштита, културно наследство или природна реткост“.

- Advertisements -

По извршениот преглед кај лицата биле пронајдени и одземени комплет детектор за метал со две сонди, златни, бакарни и други предмети.

Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по целосното документирање на случајот, соопштија од СВР-Струмица.

Поврзани новости