619
Приведени се две лица во беровско кои вршеле нелегална сеча на дрва. Нелегалната сеча беровската полиција ја регистрирала денеса околу 12 часот, во атарот на село Ратево.
-На место викано „Шуманов Чукар“, атар на Берово, полициски службеници ги затекнале Д.В. и М.В. од с.Ратево, беровско, при нелегална сеча на букови стебла, се вели во полициското соопштение.
За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, како што додаваат од полицијата, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.