781
Полициски службеници од ПС Кичево, синоќа околу 22,40 часот од страна на регионалниот пат Кичево – Осломеј, во патничко моторно возило „голф“ пронашле и одзеле марихуана, а две лица се приведени.
– Запрено е патничко моторно возило „голф” со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од М.М.(35) од село Пласница а во кое како сопатник бил Е.Д.(34) од истото село. По извршен преглед на возилото и лицата, кај М.М. пронајдена и одземена е марихуана, соопштија денеска од МВР.
Лицата, стои во соопштението, се лишени од слобода и задржани за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство. ц