565
Во Велес вчера се приведени две лица поради купопродажба на хероин, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што соопшти МВР, вчера во 11.30 и 12.40 часот, полицајци од Одделение за недозволена трговија при СВР Велес, ги лишиле од слобода А.Н.(47) и И.Ѓ.(43) од Велес, бидејќи при извршен претрес во домот на А.Н. затекнат е И.Ѓ. при купопродажба на наркотична дрога хероин од првопријавениот кој му овозможил и консумација.
Од МВР дополнуваат дека кај пријавените се пронајдени и одземени пари, хероин и таблети, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.