Денеска (03.09.2024) во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Б.(33) од Скопје.
Тој бил осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 247 од кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот.
Лицето ќе биде спровeдено во установата за доиздржување на затворската казна.
Денеска околу 13.25 часот во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(27) од Скопје.
Тој бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од казнено – поправна установа.