335
Во Гостивар од полициски службеници биле лишени од слобода лицата В.А.(45) од гостиварското село Неготино и Ј.Т.(38) од Гостивар бидејќи при личен преглед кај нив бил пронајден хероин.
Лицата, како што соопштио денеска МВР, биле приведени во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.