Приведени двајца државјани на Турција: со рент а кар возило се движеле во спротивна насока на булевар во Скопје

by Fokus

На 11.02.2025 во 20.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Н.Џ.Е.(20) и Б.У.(19), двајцата од Република Турција, затоа што со патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент а кар компанија, се движеле во спротивна насока на булевар на подрачјето на Центар.

По документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци.

Поврзани новости