530
Двајца демонстранти кои ги предводеле денешните протести со пикапот со музика, се приведени во полициска станица.
Полицијата ги привела во близина на Градска Болница и не им дала објаснување зошто се носат во станица. Еден од нив е и Џовани, возачот на комбето од каде се пушта музика и се скандира на протестите на Шарената револуција.
Набрзо активисти почнаа да собираат пред станицата за да дадат поддршка на приведените. Од СВР Скопје не соопштуваат детали за приведувањето.