Приведени членови од криминалната група на Раде Штекли

by Fokus

Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата соопшти дека се приведени повеќемина кои се дел од криминална група што се занимава со продажба на дрога.

Оттаму додаваат дека попладнево на повеќе локации се вршат претреси, во Скопје и Гевгелија.

Повеќе информации од ОЈО ГОКК најавија дека ќе има во текот на утрешниот ден. Претходно од Министерството за внатрешни работи потврдија дека денеска е уапсен Раде Трајковски-Штекли кој е осомничен за трговија на дрога и бил водач на група од над десет члена кои се занимавале со продажба на наркотици.

Неофицијално Штекли е уапсен при обид за бегство во близина на хотел во околината на Гевгелија.

Штекли, во 2023 година двапати беше цел на вооружени напади во трговскиот центар „Ист гејт”, во ноември минатата година во дворот на неговата куќа во скопската населба Ќерамидница беше фрлена бомба а тој помина со полесна повреда. Пред еден месец полицијата во слична акција уапси поголем дел од членовите на криминалната група Беланоца кои се сомничат за неколку убиства од минатото.

Поврзани новости