Министерството за внатрешни работи соопшти дека по извршен претрес во Струмица пронајдени хероин и кокаин, а приведени се четири лица поради продажба и употреба на дрога.
-Вчера во 21.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица и 39-годишната И.Ц. од с.Куклиш, струмичко. При преглед кај нив, кај Г.П. бил пронајден и одземен хероин. По преземени мерки и активности било дојдено до сознание дека Г.П. дрогата ја купил од А.Т.(38) од Гевгелија, соопшти МВР.
Според информациите од МВР денеска со судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.Т.
_При претресот биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, дигитална вага и други предмети со остатоци од дрога. Исто така, при претресот, во домот бил затекнат и Т.Т.(40) од Гевгелија, кој дошол да користи дрога. По консултација со јавен обвинител, двајцата биле лишени од слобода и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.