Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера вечер и денеска во раните утрински часови лишиле од слобода четворица разбојници, меѓу кои и еден малолетник, кои се сомничат дека вчера вечер физички нападнале друго лице во Шуто Оризари и му одзеле пари, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– На 18.01.2023 во 22.50 часот на подрачјето на Шуто Оризари полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(45), Г.А.(23) и малолетник, сите од Скопје, а денеска (19.01.) во 01.00 часот на подрачјето на Чаир полициски службеници од ЕВР Чаир го лишиле од слобода Ф.С.(38) од с.Студеничани, скопско. Четирите лица се сомничат дека вчера (18.01.2023) во 21.20 часот на подрачјето на Шуто Оризари физички го нападнале А.Л.(24) од Скопје и му одзеле пари и личен накит, стои во соопштението на МВР.
Оттаму велат дека тие биле приведени во полициска станица, каде бил извршен службен разговор со нив и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“ по чл.237 од Кривичниот законик.