465
Локализиран е пожарот што пред неколку часа избувна во Велес во близина на Велешко езеро и ја пеплоса боровата шума.
Четири лица се приведени во полициската станица во Велес со сомнеж дека го предизвикале пожарот, објави порталот Дума. Приведените со брусалица работеле во блзина на боровата шума, на крстосницата за Башино село и патот кон езеро Младост.
Изгоре шумскиот насад, нискостеблестите растенија и сувата трева на Младост. Пожарот во еден момент, го опколи од горната страна и новоизградениот хотел Глориус. За среќа хотелот не изгоре. Добрата организација на жителите на Отовица, кои со механизација ископаа ров, ги спаси од огнот првите куќи во селото.