Приведени четири лица од Куманово за издржување казна затвор до шест години

by Fokus

На 16.10.2020 во 08.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го привеле Б.С.(26) од Куманово за издржување казна затвор од пет ипол години во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за извршено кривично дело „обљуба“ по член 187 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

На 10.10.2020 во 01.25 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го привеле Е.Б.(25) од Куманово за издржување казна затвор од една година во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за извршено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово.

На 13.10.2020 во 00.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го привеле М.Т.(29) од Куманово за издржување казна затвор од една година во Казнено-поправната установа Затвор Куманово. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово.

На 15.10.2020 во 09.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го привеле М.Д.(28) од Куманово за издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за извршено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Куманово.

Поврзани новости