421
При влез на стадионот, во поттрибинскиот простор, група навивачи влезе во конфликт со припадници на полицијата, кој бргу ескалира и во физичка пресметка. Објавени се снимки на кои се гледа како летаат шишиња со сок или пиво, па и некои покрупни предмети.
Полицијата ги скротила бунтовниците и околу 15-тина наместо на трибини, мечот ќе го поминат во станица, бидејќи беа приведени. Претходно, инциденти поврзани со бугарските навивачи забележани се во населбата Чаир, во судир со локалните жители.
Мечот Шкупи – Левски се игра од 21 часот, прв од двата предвидени меѓу овие клубови, во рамки на второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.