Приведени бегалци од затвор, биле барани со потерница

by Fokus

На 28.10.2024 во 17.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Р.(27) од Струмица, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица.

Д.Р. е осуден на затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, а имал за доиздржување 5 месеци и 17 дена. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.

На 28.10.2024 во 19.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Е.Џ.(21) од село Лакавица, штипско, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица.

Е.Џ. е осуден на затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, а имал за доиздржување 10 месеци и 15 дена. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.

Денеска (29.10.2024) полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје во 11.20 часот од ул.„Бетовенова“ во Скопје го лишија од слобода Д.М. (41) од Скопје, кој бил баран со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна во траење од седум години и осум месеци за повеќе сторени кривични дела по чл.236 ст.1 (тешка кражба) од КЗ.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Поврзани новости