Приведени 65 луѓе на митинг на опозицијата во Кишињев

by Fokus

На митинг на опозицијата во Кишињев синоќа се приведени 65 лица, соопшти главниот полициски инспекторат на Министерството за внатрешни работи на Молдавија.

Молдавската полиција посочи дека биле снимени „повеќе провокации против членовите на редот“.

„ Конкретно, станува збор за обиди за пробивање на полицискиот кордон. Приведени се 65 лица, од кои четворица малолетни. Идентификувани се поттикнувачите на нередите кои претставувале закана за јавната безбедност“, се вели во соопштението на инспекторатот, објави РИА Новости.

Полицијата соопшти дека на протестот учествувале околу 1.700 луѓе, а претходно организаторите на протестот најавија дека протестирале 50.000 луѓе.

Демонстрантите протестираат против сѐ повисоките цени на енергијата и падот на животниот стандард, пренесе ТАСС. Тие бараат оставка од претседателката на Молдавија, Маја Санду и владата, како и распишување предвремени парламентарни избори.

Демонстрантите се предводени од пратеници од партијата Шор и Комунистичката партија на Молдавија.

Поврзани новости