Во текот на изминатото деноноќие, забраната за движење на ниво на целата држава ја прекршиле 71 лице, при што приведени се 55, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.
Лицата кои ја прекршуваат забрана за движење се казнуваат по член 206 став 1 од КЗ за непостапување по здравствените прописи во време на епидемија и најчесто тоа се парични казни.
Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 32 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација. При контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
За разлика од претходно, од овој викенд на сила се олеснети мерки за забрана за движење, при што полицискиот час започна вчера (сабота) од 15 часот и ќе трае до утре (понеделник) наутро до 05 часот.