Приведени 18 граѓани, а 74 се спасиле со опомена, поради непочитување на полицискиот час

by fokus

Во текот на изминатата ноќ 18 граѓани биле приведени, а 74 поминале со опомена, за непочитување на полицискиот час, кој стапува на сила од 21 часот до 06 часот, неофицијално дознава „Фокус“.

Од приведените, како што дознаваме, петмина биле од Тетово, по двајца од Гостивар, Радовиш и од Куманово, кај кои било пронајдено и оружје, а по еден од Штип и Кочани.

Според надлежните ноќта поминала мирно и генерално се почитувала забраната за движење.

В.В.

Поврзани новости