446
Дарја Трепова, жената осомничена за убиството на рускиот пропагандист и воен блогер Владлен Татарски е приведена денеска од страна на службениците на Истражниот комитет.
-Дарја Трепова е приведена од вработените во Рускиот истражен комитет, заедно со оперативните служби, поради сомневање дека учествувала во експлозијата во кафулето во Санкт Петербург, соопштија од службите.
Татарски беше убиен вчера во експлозија на бомба во кафуле во Санкт Петербург, а во експлозијата беа повредени повеќе од 30 луѓе. Експлозивната направа била скриена во мала скулптура, која Трепова му ја предаде во кафулето.