Приведена сопругата на Навални

by Fokus

Руската полиција ја приведе Јулија Навалнаја, сопругата на опозиционерот, Алексеј Навални, за учество во неодобрен протест во Москва, јавија западни медиуми повикувајќи се на информации на приврзаниците на Навални на социјалните мрежи.

Повеќе од 300 лица се веќе приведени на денешниот протестен митинг во Москва за поддршка на Навални, кој е во затвор, соопшти невладината организација ОВД-Инфо.

Навалнаја беше приведена на сличен протест минатата недела.

Поврзани новости