63
Денеска (09.06.2024) во 00.20 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода З.К.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека на 08.06.2024 околу 23.40 часот на подрачјето на Центар физички нападнала малолетник од Скопје и му одзела пари.
Со неа бил извршен разговор во полициска станица и кај неа биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело.
По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“.