Жена од Штип на возраст од 34 години вчера дошла во Неготино да питачи низ улиците. Откако била забележана од полициски службеници, таа лажно им се претставила, по што ја привеле во полициската станица. Од СВР Велес го потврдија случајот.
– На 11.12.2023 во 20.00 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ја привеле М.Н.(34) од Штип. Таа била забележана од полициски службеници како питачи и при идентификација таа лажно се претставила. Бил извршен службен разговор со неа и по документирање на настанот ќе ѝ биде поднесена соодветна пријава – известија од СВР Велес.
Инаку, во Неготино е реткост питачењето на улица. Во градот се случува единствено да бидат забележани питачи за време на манифестацијата Неготински панаѓур во септември, кога тие доаѓаат од други општини со цел да заработат некој денар, поради многубројните посетители на настанот.
Вики Клинчарова