418
Косовка се обидела со туѓа патна исправа преку охридскиот аеродром да отпатува од Македонија, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 19 часот на Граничниот премин-Аеродром „Св.Апостол Павле“-Охрид, при пасошка контрола, полициските службеници се посомневале дека лицето Б.Р. (55) од Арачиново, скопско, користи туѓа патна исправа. Поради тоа, биле извршени дополнителни проверки и преглед во нејзиниот личен багаж и притоа била пронајдена лична карта од Косово на име С.Р.
Жената била приведена и предадена за понатамошна постапка, соопшти МВР.