152
На 24.01.2024 во 14.00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода М.С.(34) од Кичево.
Таа, со грубо запоставување на својата родителска должност за грижа и воспитување, целосно ја запуштила својата малолетна ќерка, за што бил известен Центарот за социјални работи од Кичево. По извршени консултации со јавен обвинител, се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.